Дојдовме до сознанија дека во 2019 година и 2020 година во тендерската документација за набавка на вакцини против сезонски грип, во делот на спецификација на тие вакцини, се поставуваат услови и критериуми кои може да ги исполни само една компанија, рече на денешната прес-конференција Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Во тендерската документација во делот на спецификација на вакцините против сезонски грип е наведен критериумот вакцините да соодветствуваат за употреба на лица на возраст од 6 месеци и постари, а и во двата случаја кога е наведен тој критериум тендерот го добива веледрогеријата Елбијор на Стојмир Петров, татко на сопругата на директорот на болницата ‘8 Септември’, Христијан Костов“, посочи претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа објасни дека претходно, во 2017 и 2018 година, кога не бил наведен критериумот вакцините да соодветствуваат за употреба од страна на лица од 6-месечна возраст и постари, тендерот го добила друга фирма, а, како што кажа, и на повеќе фирми им било овозможено да учествуваат.
Андоновска додаде дека годинава повторно во спецификацијата е наведен критериумот вакцините да соодветсвуваат за деца од шестмесечна возраст и постари.
Comments are closed for this post.