Владата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје изработија електронска база на податоци на релевантни меѓународни документи насочени кон унапредување на меѓу културниот дијалог и интеграција на општеството.
Базата на податоци е сеопфатна, со вкрстени референци и вклучува релевантни меѓународни договори и конвенции, извештаи и препораки на клучни меѓународни организации, заложби на ОБСЕ и други меѓународни стандарди и практики. Базата на податоци ќе послужи како алатка за следење и проценка на спроведувањето на Стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот.
Фокусот на базата е на главните извори од меѓународното право, кои се тематски, релевантни за Стратегијата и за Акцискиот план за спроведување на Националната стратегија. Во оваа дата база на податоци, главната структура на изворите е дадена по организациски кластери, и тоа: кластер „Организација на Обединетите нации“, кластер „Совет на Европа“, кластер „Организација за безбедност и кластер соработка во Европа“, „Европска унија“.
Националната стратегија за едно општество и интеркултурализам, промовира основни вредности на различности, вклученост, почитување на човековите права, еднакви можности, особено за жените и мажите, владеење на правото, демократија и култура на мир и дијалог. Спроведувањето на Националната стратегија е предводено од Координативно тело, на чие чело е Националниот координатор на Владата за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски.
Електронската база може да се најде на следниов линк: https://ednoopstestvo.vlada.mk
Comments are closed for this post.