Адвокатот Лазар Јанев, кој е син и работодавач на Катица Јанева, за „Скопје1“ тврди дека таа како вработена го почитува работните обврски и цело време е во канцеларијата. Според Јанев, Катица ја напушта канцеларијата само доколку во соседните локали да купи за јадење, со оглед дека не користи никаква поволност од КПУ Идризово.
Ги отфлрам во целост наводите, до моментот на давање на изјавата немам добиено никаков одговор од Установата или сум бил побаран од неа, за било каква работа поврзана со работниот ангажман на Катица Јанева.. Во целот си отфрлам како неточни изјавите на директорот на УПС, од причина што Катица Јанева го почитува работното време и работниот договор кој го имаме склучено со КПУ Идризово. А воедно, истата не прима храна ниту било какви други поволности од затворот Идризово, па нормално е, во текот на работниот ден да купи јадење или да се нахрани како секој нормален човек, рече Јанев.
Comments are closed for this post.