Информацијата дека шефот на португалската дипломатија и еврокомесарот заедно ќе ги посетат Бугарија и Македонија дополнително ѝ додава на тежина и значење на посредничката мисија, бидејќи станува збор за координирана активност на актуелниот претседавач со Советот на ЕУ и Европската комисија, пишува 360 степени.
Премиерот Заев вели дека од Силва и Вархеји очекува да соопштат решение на кое работат веќе пет-шест месеци, кое би довело до усвојување на преговарачката рамка и закажување на првата меѓувладина конференција
Министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва, утре за време на посетите на Софија и на Скопје ќе биде придружуван од еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, дознава „360 степени“.
Comments are closed for this post.