Мојата цел и целта на ВМРО-ДПМНЕ е една и заедничка- право и правда за Македонија, истакна кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова на митингот во Тетово.

Знам што го тишти најмногу Тетово. Јас не сум националист, меѓутоа не можам, а да не кажам дека јазикот е најважниот код за комуникација, особено во мултикултурно и мултиетничко општество. Не може да се разбираме преку преведувачи. Немам ништо против проширување на јазичните права, но само водена од правото и правдата ако е тоа во рамките на Уставот и на Рамковниот договор-нагласи професорката