Професорката и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на гостувањето на телевизија Алфа во емисјата „Заспиј ако можеш“ се осврна на актуелната состојба укажувајќи дека излезот е само во експертска влада.
Ако имавме минимална разлика меѓу партии, големи предизвици, криза, нефункционален парламент, тогаш треба да се преземе нешто, ама тоа не е гласање на доверба како што направи Заев, рече пратеничката Силјановска.
Според неа Заев на чуден начин бара доверба и потоа вели ајде широка коалиција, што не е во ред.
Велат широка колаиција, без лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е премиерот во сенка, не може без него. Начинот на кој Заев тоа го пласираше па после рече и дека не мислел така, значи неразбирање на демократијата“, рече Силјановска.
Во ваква ситуација ВМРО-ДПМНЕ бара експертска влада.
Експертска влада во која министри ќе станат вистински експерти за да внесеме знаење, кажа Силјановска.
Силјановска се осврна и на претосјниот партиски конгрес на СДСМ укажувајќи дека Заев е исплашен.
Јас социјалдемократијата не можам да ја препознаам, ми личи на неолиберални чекори. Сепак во една социјалдемократска партија треба да има идеологија, како и во сите, ама кај нив не ја гледам, рече Силјановска.
Според Силјановска оваа власт е делигитимирана.
Оваа гарнитура на власт не може да дојде до позиции, делегитимирана е. Тоа е тестот кога ќе заборавите на личното и партиското добро, и ќе гледате за добро на граѓаните, рече Силјановска.
Comments are closed for this post.