Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова овој викенд е во работна посета на Охрид и Струга.Таа на Фејсбук излезе со коментар за состојбата во која се наоѓа градот
–Беззаконие владее среде прекрасна природа, од Лагадин до струшкото крајбрежје!
Ако ја сакаме Македонија ќе ја чуваме со закон.
Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга.
До кога локалната самоуправа и Владата ќе го игнорираат гласот на граѓаните?
До кога ќе се игнорираат препораките на еколошките невладини организации? Право и правда, наспроти профит и клиентелизам, стои во Фејсбук статусот на Силјановска.
Comments are closed for this post.