„Сметам дека сите отворени прашања треба да ги решаваме како државници, а не како политичари, кои сакаат брзо да добијат политички поени пред граѓаните“, изјави во интервјуто за софиски „Дневник“, надпартискиот претседателски кандидат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, професор Гордана Силјановска Дафкова, одговарајќи на прашањето поврзано со неодамнешниот ФБ статус на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.
Бугарија е члена на ЕУ и НАТО, а ние го следиме вашиот пат. Сакаме пријателството да се продлабочи, но оекуваме и помош за да го иѕодиме тој пат. Приоритет ќе ми биде подобрувањето на односите со Бугарија, а не само зајакнување на економските врски, туку и на културните, спортските, академските и меѓучовечките. Досега повеќе значење им се даваше на односите на највисоките државни претставници и на договорите на елитите на двете држави, но верувам во развојот на контактите во сите сфери и на сите нивоа. Во тој правец, бев изненадена од г-динот Ковачев“, изјави Силјановска Дафкова.
За време на последната сесија на Европската народна партија, Силјановска Давкова имаше средба со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој потоа на својот ФБ профил објави пост во кој изјави дека „не бил среќен од размената на мислења“.
За жал, г-ѓа Силјановска-Дафкова сподели со мене дека има многу забелешки во однос на договорот со Бугарија и има различно мислење во однос на историјата. Искрено жалам дека негативниот однос кон Бугарија, наследен од времето на комунистичка Југославија и засилен во времето на Никола Груевски, се уште доминира во главите на многу луѓе во Македонија“, напиша Ковачев на ФБ.
Тој вели дека „поддршката за договорот со Бугарија, прифаќањето на нашата заедничка историја и запирање на говорот на омраза против Бугарија се основен минимум на кој треба да одговори секој во Македонија, кој сака и очекува наша поддршка и пријателство“.
На крајот Ковачев вели дека тој лично и партијата ГЕРБ на која и припаѓа, „тешко дека ќе и дадат поддршка на таа кандидатка“.
Comments are closed for this post.