Сите ја знаат како угледен професор на Правниот факултет,но веројатно малкумина знаат дека сандидатката за претседател Гордана Сиљановска-Давкова во младоста била шампион во возење ролшуи. Во емисијата “Еден на еден” на Канал 5 телевизија таа раскажа за трката од младоста која се одржала во градскиот парк.

Натпреварите се одвиваа во паркот. Стартот беше на почетокот на помошното игралиште,а финалето или завршетокот беше пред портата на “Маракана”. Спринт, стартуваме и јас два пати бев прва, рече Сиљановска.

Таа раскажа дека две години пред неа шампион во ролшуи бил сегашниот претседател на МОК Васил Тупурковски.

Васил Тупурковски беше еден од победниците. Ама таа година пред мене две години. таа година натпреварот беше на Рузвелтова. И можете да замислите во каква форма бил кога победил на ролшуи, вели Сиљановска – Давкова.

Во продолжение интервјуто со Сиљановска. Делот со ролшуите од 4:30 до 5:40.