„ЕУ е синоним за граѓански концепт за демос, за „Ние народот“ а ние обратно бришеме граѓани ставаме делови од народи па народи. Тоа е во целосна спротивност со нормативниот текст бидејќи во членот 2 се вели дека суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните“, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.
Таа додаде дека ако има рекордер во уставни измени тоа е Македонија.„За да биде ЕУ заедница и требаат вредности, тие ги има во Договорот за ЕУ и има таму добро утврдено дека ќе се почитува традицијата, историјата, националниот идентитет на членките.
Има еден важен документ повелбата за правата каде се вели дека ќе се почитува достоинството, интегритетот и идентитетот. Во Лисабонскиот договор стои дека нема да се меша во внатрешни работи на други држави. ЕУ има одредба дека кога се збори за регионална соработка ќе помага за склучување на договори врз реципрочна основа. ЕУ има и член во Лисабонскиот договор каде вели дека ако не се почитуваат темелните вредности ќе започне постапка против членката. Таа има започнато постапка против Унгарија и Полска ама не и против Бугарија“, кажа Силјановска Давкова.Таа потенцираше дека основниот постуалт и темелот на ЕУ се Копенхашките критериуми, а Уставот е внатрешно прашање на една држава.Таа додаде дека првиот Копенхашки критериум е суштината на демократијата е во владеење на правото а не во владеењето на луѓето„Наместо политика во гранците на правото кај нас се практикува право подредено на политиката. Ако политиката се дефнирира современа не како уметност на можното туку кој каде добива , тогаш има тенденција да влезат во политиката особено на највисоко ниво затоа што тогаш се поблиску до добрата. Во моментот кај нас се случува прераспределба на добрата тие куќи , фирми коли не се резултат на умови туку тоа се народни пари“, изјави Силјановска Давкова.
Comments are closed for this post.