ЕУ не се солидаризира со несолидарна влада и/ли влада што не знае да аплицира за солидарен фонд. Фалш политичко пеење ечи од извршната власт во однос на ЕУ изоставената помош на Македонија за справување со Ковид-19 , како солидарност со членките и земјите-кандидатки за членство. Претседателот се повикува на декларираниот недостиг на интерес на Фајзер за договор за вакцини со земја со 2 000 000 жители, заменик премиерот за европски прашања самоуверено се фали дека ЕУ не видела потреба да и помага на земја која сама одлично се справила со епидемијата, а првиот заменик премиер посегна по новоговор, „обвинувајќи“ го ЕУ за вакцински национализам, истакнува Гордана Силјановска Давкова.
-А, зошто не изоставија? Да не заборави „социјалдемокартската“ влада на „хуманизмот и солидарноста“ и да не ги остави граѓаните сами, како знаат и умееат да се борат не само со епидемијата, туку и со профитерите од Ковид- 19! Штедеше на нас, но не и на себе. По европската финансиска логика , не го исполнуваме условот за минимален трошок врзан за здравството во услови на Ковид 19 во однос на БДП за да се квалификуваме за помош од Европскиот солидарен фонд. Па нели нашата влада најмногу вложуваше во здравството и водеше сметка за граѓаните? Можеби повеќе вербално, одошто финансиски, оти 7, 2 милиони евра расход се далеку од 30 милиони евра од БДП како минимум за европска солидарност? Може ли ЕУ да биде солидарна и хумана со нас ако нашата влада не била, или не знаела како да аплицира? Можеби проблемот лежи во (не)квалификуваните владини „планери“ кои не знаеле кои трошоци и како се прикажуваат за да се користи помошта од Европскиот солидарен фонд? – вели таа.
-Едно е јасно. Живееме во држава што не ги врши основните фукции, држава што не го штити општиот интерес, држава во која политиката не создава јавна вредност, држава во која голем дел од администрација е нестручна и некомпетентна, политичка и партиска, а како таква во служба на вработувачот, наместо на граѓаните. До кога?-прашува Силјановска Давкова.
Comments are closed for this post.