Во контекст на најновите случувања во правосудниот систем, правните експерти и новинари зборуваат за „политичка поплава“. Јас би рекла дека е ова цунами на политичко самоволие какво што досега не сме виделе, а кое резултира со правна несигурност, селективна правда, внесување страв кај судиите, кои не постапуваат според законот, туку за да избегнат јавен линч и политичка осуда, дуваат и на јогурт (и така ги кршат правата на обвинетите и ги дискриминираат), смета професорката Гордана Силјановска Давкова.
Небезбедноста на притворените, играњето „пинг-понг“ со мерката притвор, амнестирање на повеќе од половина обвинети и драконски казни (како што се очекува) за останатите поврзани со настаните од 27 април. Доста е веќе со повикување на „виши цели“ (отворање на патот кон НАТО и ЕУ), и оправдување на партизацијата на законодавната власт со наметнување на самоволие од страна на владата. Секоја критика на ова што ни се случува пред очи и натаму се дискредитира и замолчува со наводна „одбрана на криминалот и на фамилијата“, вели Силјановска Давкова.
Таа ги повика колегите од правните факултети, адвокатската комора, НВО кои се занимаваат со правосудниот систем и човековите права, но и сите граѓани да се ослободат од стегите на стравот и политичката коректност и нештата да ги наречат со вистинското име: политичко самоволие и страховлада!
Уставниот суд мора под итно да почне да ги решава ургентните предмети кои се однесуваат на човековите права, без да калкулира и да ги остава „жешките костени“ за Собранието, вели Силјановска Давкова.
Comments are closed for this post.