Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска на митингот во Крива Паланка вети доколку победи на претседателските избори ќе биде првата амбасадорка на сиромашните откажувајќи се од средствата само за нив. 40 проценти од луѓето во Македонија истакна таа се борат да преживеат со сиромаштијата.
Првото што ќе го направам ако бидам избрана за претседател- ќе издвојам средства за сиромашните. Оти не може претседателот, претседателката, да бидат среќни ако 40 проценти од граѓаните живеат во сиромаштија“, рече Сиљаноска.
Таа потенцираше дека актуелната власт заборавила на ветувањата кои ги даваше додека беше во опозиција за социјалната држава.
За жал оваа власт ветуваше битка со сиромаштијата, ветуваше дека ќе ги заштити најнезаштитените, најслабите, се колнеше дека ќе ја брани и ќе стори се за социјалната држава. Ама заборави на тоа. И додека 40 проценти од граѓаните се борат за живот, за преживување, не мислам дека тие имаат свест за тоа. Тоа се истите оние луѓе кои се расфрлаат со коли, со мотори, со глисери. Тоа ли е социјалдемократија? Не, тоа не е тоа. Социјалната држава ќе биде нашата основна цел. Тоа е предизвик за секоја одговорна власт и јас најпрво ќе се солидаризирам со најсиромашните, оти 40 проценти граѓани е огромна заборавена бројка“, кажа Сиљаноска.
Според неа оваа влада нема ниту желба а ниту знаење за да направи вистински реформи, потенцирајќи дека непотизмот, криминалот и корупцијата се вистинска одлика на СДСМ и Заев.
Тие немаат смисол, ниту желба имаат, ниту знаење имаат, целосно се политички импотентни за препознавање на потребата на квалификувана стручна посветена на граѓаните, државна и јавна администрација. Се фалеа дека ќе се борат со непотизмот, ама непотизмот е нивна политичка филозофија, нема министер кој не вработил некого од семејството и не се загрижени за тоа. Да не говорам за корупцијата и криминал тие стимулирајќи ја и толерирајќи ја корупцијата и криминалот го рушат суверенитетот на Македонија, ја прават Македонија слаба држава, ја прават Македонија пропадната држава. Процесот на одлучување наместо во силни и стабилни институции го лоцираат меѓу двојки, тројки, четворки во неформални на неформален начин во неформални структури одлучуваат за најважните национални прашања. Јас тоа ниту го поддржувам ниту ќе го практикува, нагласи Силјановска.
На крај Силјановска побра поддршка од граѓаните и масовна излезеноста како на 21 април така и на 5 мај се со цел да може да ја реализира програмата.
Comments are closed for this post.