Дали 24 часовен надзор преку физичко обезбедување, а не со електронска алка, остава сомнеж дека Мијалков може да остане недостапен за органите на прогонот? Секако дека не може, рече адвокатот Љупчо Шврговски откако Обвинителството побара затворски притвор за Мијалков.

Зошто пропустот на државата која не може да ги обезбеди обврските кои се експлицитно дадени во Законот за кривична постапка да му се припише на Сашо Мијалков? Вака адвокатот Љупчо Шврговски ѝ одговор на обвинителката Ленче Ристовска, која побара ефективен затворски притвор за обвинетиот Мијалков, поради тоа што, како што рече, Министерството за внатрешни работи (МВР) немало услови да спроведе 24-часовен видео надзор во домот на обвинетиот.

Љупчо Шврговски, адвокатот на Сашо Мијалков после пресудата за „Таргет Тврдина“, рече дека казната за клинетот е драконска, и дека основата за притвор е незаконска.

Казната е драконска, да се даде максимум за секое обвиниение, нема да најдете во аналите каде што за секое дело е дадена максимална казна затвор“, рече Шврговски, кој за притворот коментираше:

„Во однос на одлуката на судот за притвор, мислиме дека е спротивнa од законот, бидејќи при определена мерка домашен притвор, без притоа да биде повредена обврска, да се донесе мерка притвор, сметаме дека е спротивно на член 470, бидејќи Мијалков е обезбеден, се наоѓа во домашен притвор, и не може да се даде во бегство“, рече Шврговски.