Алијанса на Албанците на Арбен Таравари треба да научи дека кога неосновано критикуваат и измислуваат, притоа ставаат зборови во уста кои не биле кажани од премиерот Мицкоски, ќе добијат аргументиран и издржан одговор, порачува ВМРО-ДПМНЕ.
А вистината зошто излегоа од Владата не се крие во грижата на Таравари за Албанците ниту пак борбата за некакво подобрување на нивните права.
Вистината е многу едноставна и болна.
Членовите и заинтересираните за вистината одговорите нека ги побараат во една инвестиција на Таравари што се вика Ѓока. Какви обврски превземал и какви услови прифатил. Тоа не е наш проблем. Оставаме сами да си ги решат.
Ставот на АА

Кога ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски фрлаат отров, станува јасна една непобитна вистина: тие се шампиони на клеветата и ништо од тоа што го зборуваат не држи. Редовните клевети што ни ги сервира „Белиот дворец“ се само очајнички обиди да се пренасочи вниманието на јавноста од нивните постојани неуспеси, порачува во соопштение до медиумите крилото на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, што МИА го пренесува интегрално.
ВМРО-ДПМНЕ беше во локална коалиција со Алијансата за Албанците, а до вчера и на централно ниво. Чудно е зошто досега немаа ниту една забелешка кон АА и претседателот Арбен Таравари, додека денес, откако им ги расипавме мрачните планови против Албанците во Македонија, мизерно се обидуваат да плетат лаги и басни.
И потсетуваме на ВМРО на масовната корупција што ја имаа во времето на Груевски и сè уште со гордост држат околу себе корумпирани функционери со кривични дела. Заедно со неговиот експеримент ВЛЕН обвинуваат за еден паркинг кој никогаш не беше изграден и не изнесоа ниту еден факт за злоупотреба, додека и денес нивните рушевини од корупција стојат во Вардар, во центарот на Скопје, и не можат да се измијат ниту со водите на реката, ниту на езерото, ниту на кој било океан.
Арбен Таравари и Алијансата за Албанците не се фатени од никого и не се резерва на никого. Нашите одлуки се автономни и независни од надворешни фактори. Поради таа причина решивме без ни најмала жал или двоумење да излеземе од оваа антиалбанска и антиевропска влада, покажувајќи дека АА не може да се уценува, да се купи или да се продаде.
Comments are closed for this post.