Епл во петокот почна со продажба на својот нoв модел Ајфон ХР. Како и секогаш кога нов модел од смартфон стигнува на пазарот, на Јутуб се појавуваат  многу прикази, тестови и видеа.

Најмалубројни, меѓу нив се оние автори кои ги расклопуваат новите уреди, за да прикажат  какви  компоненти се наоѓаат во нивната внатрешност. Со тоа се бави екипата  од сајтот  iFixit, во чија лабараторија овие денови пристигна новиот Ајфон ХР.

ХР со својата правоаголна форма го докажува своето сродство  со моделот  Ајфон Х , а изгледот на батеријата со Ајфон 8.

Како изгледаат останатите компоненти, можете да погледнете во видеото