Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во собраниската комисија за надворешна политика ќе образложува за одговорите кои Македонија ги испрати на т.н 5+1 прашања. Овие прашања предизвикуваат страв кај Македонците знаејќи ги барањата на Бугарија поврзани со нашиот идентитет и јазик.
Стравот дополнително е предизвикан од вчерашниот настап на Османи каде рече дека тој не бега од ниедна тема и оти за се е подготвен да разговара.
Исто така рече дека спорот со Бугарија ќе се решава во еден пакет и оти тоа ќе ги отвори вратите за почеток на преговорите но оти нема гаранции дека Бугарите или која друга членка нема пак да не блокира во текот на преговорите.
Денеска реагираше и ВМРО-ДПМНЕ од каде тврдат дека се кријат клучните документи поврзани со преговорите со Бугарија и оти власта се обидува нешто тајно да испазари на сметка на македонскиот национален интерес, македонскиот јазик, историја и идентитет,
Да беше се чисто, власта на заевизмот и пиунот Ковачевски јавно ќе ги објавеа интегралните одговори од пакетот 5+1 кој пред неколку месеци им го дале на Бугарија. Замислете за вакво значајно прашање, јавноста во Македонија дозна од институциите во Бугарија. Дури после тоа дознавме од страна на Артан Груби дека овие одговорите биле удобни за бугарската страна, како божем нашите функционери да добиваат плата да ги задоволуваат потребите на Бугарија.
Comments are closed for this post.