Премиерот во заминување Зоран Заев имаше интервју за емисијата „Правец“, на српската телевизија „Пинк“, каде зборуваше за состојбите во регионот, Албанците во Македонија, Преспанскиот договор…
Во еден момент, водителката го потсети и на една негова изјава.
Во вашето прво интервју за српски „Курир“ рековте дека „Косово е срцето на Србија“. Дали Косово е срцето на Србија?, го праша водителката.
На ова тој се обидува дипломатски да се извлече и вели дека голем дел од историјата на Србија е поврзана со Косово.
Мене тоа ми е јасно. Но, истовремено, сигурно и вас, на раководството на Србија, на граѓаните на Србија им е јасно дека овој проблем што постои треба да се реши. Зошто? За Србија да оди напред. За да оди и Косово напред. За да одат сите земји во регионот напред, проблемите мора да се решаваат. Не ми беше ни мене лесно, иако тоа е сосема различно прашање, косовскиот проблем, од оној проблем којшто постоеше овде. Но, постоеше 27 години. На крај ние прифативме дека навистина сме северниот дел од историскиот дел на Македонија. Верувам дека низ дијалог ќе се најде решение, на крај нели е целта сите да бидеме дел од Европското семејство, вели тој.
Водителката, сепак, му посочува дека не ја повтори таа реченица, дека Косово е срцето на Србија.
Го кажувам тоа што го кажав и тогаш, истото е, вели тој.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=134&v=5xRFusndZSo&feature=emb_logo
Comments are closed for this post.