Универзитетската професорка Гордана Силјановска истакнува дека не може да се толерира тиранијата на 80-те пратеници, односно како што рече таа народот не им го пренесува суверенитетот така како што тие мислат, туку им дава императивен мандат со референдумот да ја почитуваат неговата волја.

Наместо според членот 30 од законот за референдум и други форми на лично изјаснување во рок од 60 дена да го усогласат своето дејствување и акти со референдумската одлука а таа беше значи не успеа референдумот, тоа е јасно. Јас сум шокирана од секојдневното папагалско тврдење на еден портпарол дека законот за референдум не содржел одредба за тоа кога е референдумот успешен или неуспешен. Значи си постои одредба која убаво вели дека за да биде референдумот успешен потребно е мнозинство од излезените, под услов да излегле најмалку 50 проценти, повеќе од половината. Тоа решение оваа коалиција го креираше и таа мораше да го почитува, вели Силјановска за Алфа.