Во текот на вчерашниот ден повеќе од 200 културни работници испратија отворено писмо до премиерот Зоран Заев во кое реагираа за избор на директор на Младинскиот културен центар, бидејќи сметаат дека поставувањето друг директор од актуелниот в.д. ќе биде партиска одлука, а тоа ќе штети за сиот досегашен труд МКЦ да остане на своето креативно и слободарско ниво. Градоначалникот на Скопје,Шилегов вели дека не го прочитал писмото.

 

Не го прочитав писмото на уметниците, затоа што не беше адресирано кон мене и немам коментар за ситуацијата, бидејќи сметам дека живееме во општество, каде што се уште пребрзо се суди, кога постапката уште не е завршена – изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, коментирајќи го вчерашното писмо на 251 уметник адресирано до премиерот Зоран Заев, oбјавува „Независен весник“.