Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ќе бара притвор за вандалот, кој го демолираше зелениот покрив на ГТЦ.
Во соопштението на Град Скопје се потсетува дека сторителот е идентификуван и оти случајот е пријавен во МВР, по што е извршен увид, а во тек е проценувањето на штетата.
Оштетена е и инсталацијата, што претпоставува дека ќе стане збор за гонење за сторено кривично дело по службена должност. Доколку тоа се утврди, јас ќе побарам од јавното обвинителство да изрече мерка притвор за сторителот, бидејќи не можеме како Град да дозволиме да биде уништувано јавното добро, да биде уништувано она што го правиме со парите на граѓаните, а и нека биде конечно предизвик за јавното обвинителство да почне да си ја работи работата онака како што треба. Моето мислење е дека досега не сме имале сериозен однос на оваа институција кон јавното добро. Нека заврши процената на вредноста на штетата, па во согласност со тоа ќе ја доставиме нашата пријава до МВР. Во координација сме со СВР Скопје и потоа ќе побараме од обвинителството да поднесе кривична пријава и да изрече мерка притвор бидејќи сторителот е познат и постои опасност да го
повтори делото, соопштуваат од Град Скопје.
Comments are closed for this post.