Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и премиерот Зоран Заев денеска го означија почетокот на проектот за реновирање на кејот „13 Ноември“
За четири месеци, со 1,5 милиони евра, кејот кој досега беше диво паркиралиште ќе се трансформира во простор за пешаци и велосипедисти
Град Скопје денеска го промовираше проектот за уредување на кејот „13 Ноември“ покрај ГТЦ, со што ќе се стави крај на самоволието на некои што го користеа овој дел за движење и за паркирање на возилата.
Шилегов најави дека и за угостителите што имаат објекти тука ќе мора да ги унифицираат терасите и ќе бидат поставени така што дрворедот треба да биде во прв план.
„Конечно се спречува самоволието и хаосот на непрописно паркирани возила кои последните десетина години го правеше небезбедно и движењето на пешаците и работењето на угостителските објекти“, рече Шилегов.
Comments are closed for this post.