Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а четворица други со полесни, по сообраќајка што се случила синоќа на крстосницата од булевар „Никола Карев“, улица „Самоилова“ и улица „Максут Садик“ во Скопје. Во сообраќајката учествувале патничко возило „Рено трафик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот Б.А. од Кочани и патничко возило „Шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот С.С. од село Буковиќ, скопско.
При незгодата повредени биле возачот и сопатниците во „Реното“, М.Ј.(56), Л.Т.(33), Е.Г.(35) и Г.Г.(69), сите од Кочани. Л.Т. и Е.Г. биле пренесени во приватната здравствена установа „Жан Митрев“ каде им била укажана лекарска помош. Кај Л.Т. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Е.Г. биле констатирани телесни повреди.
Полесно минале возачот и Г.Г., кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување.
Затоа, пак, М.Ј. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Возачот на „Шкодата“ со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Comments are closed for this post.