Шест лица заболени од морбили се примени вчера на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а уште тројца се амбулантски прегледани со јасна клиничка слика на мали сипаници. Клиниката информира дека ова е бран на новозаболени, по што се очекува бројката да се зголемува.
Во моментов, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби има вкупно 24 пациенти со морбили.
Според Министерството за здравство (МЗ), епидемијата од морбили се шири во некои од градовите во Македонија. Две деца се во потешка здравствена состојба и постои можност да бидат поставени на апарати за дишење. Здравствената состојба на детето со церебрална парализа кое беше во потешка состојба, значитело е подобрена. Исто така, подобрена е и постабилна состојбата на осумгодишното девојче кое има астма и се заразило со морбили и варичела.
За да се спречи ширењето на епидемијата на морбили во Скопје, сите универзитетски клиники донесоа одлука за ограничување на посета на пациентите, односно за забрана за посета на пациенти кои лежат на клиниките се до крајот на траењето на епидемијата.
Министерството информира и дека до 13 часот денеска се вакцинирани вкупно 4.345 деца со МРП вакцини.
Родителите да ги почитуваат нашите препораки. На трите пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Ѓорче Петров“ има дежурни лекари секој работен ден од 19.30 часот до 7.30 наутро, а за викендите се на располагање 24 часа во текот на денот. Во работните денови, родителите треба децата прво да ги однесат на матичен лекар. На овие три места ќе се вршат комплетни прегледи со лабораторија на децата чии родители ќе се посомневаат дека можеби се заболени од морбили (мали сипаници). Доколку лекарите утврдат дека е потребно, пациентите ќе ги упатуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Апелираме до сите родители, кои ќе забележат или ќе се посомневаат на првите знаци на болеста, висока температура, децата прво да ги однесат на овие три пунктови, апелираат од министерството.
Министерството за здравство ја потсетува јавноста дека сѐ уште е на сила наредбата дека децата кои не се вакцинирани нема да бидат примени во градинките за да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје.
Comments are closed for this post.