Северна Македонија ќе стане членка на НАТО, а денеска покажавме дека тоа го заслужуваме, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска по денешната показна вежба на Денот за високи гости на вежбата „Одлучен удар“.
„Република Северна Македонија набрзо ќе стане 30. членка на НАТО алијансата. Тоа значи не само седење на истата маса, туку и заеднички вежби, заедничка обука, заедничко учество во операции со кои се гарантира и нашиот и светскиот мир. Ние денеска овде на сите скептици им покажавме дека Северна Македонија има што да и понуди на Алијансата – има да и понуди обучени, професионални војници и офицери и има да и го понуди и овој одличен полигон Криволак, кој што ја покажа и својата сила и својот капацитет и своите потенцијали“, рече министерката.
Comments are closed for this post.