Шеќерим Ахмети, познат како Ел Чека, објави нова бомба преку социјалните мрежи на која наводно се слуша гласот на вицепремиерката и втор човек во СДСМ и нејзините упатства за функционерот на ДУИ Фатмир Бесими како член на ДУИ во ДИК да го искористи неговиот „одлучувачки глас“ и да гласа за локалните избори во Државната изборна комисија.
Конкретно, Шекеринска бара од Бесими, кој тогаш беше вицепремиер за евроинтеграции да влијае кај членот на ДИК од ДУИ, Субхи Јакупи да гласа за победа на тогашната опозиција во Куманово и Центар на локалните избори во 2013 година.
Comments are closed for this post.