Курсот за подофицерите, кој се организира по 11 години, почна на 28 ноември 2020 година, а заврши на 4 февруари. Втората група од 55 лица ќе ја започне обуката на 22 февруари.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека првите 65 подофицери се промовираат по 11 години неоправдана пауза.
Овие 65 припадници, кои го завршија курсот за подофицери во Центарот за обука „Пепелиште”, се првата фаза во решавањето на голем, крупен проблем во Армијата. Вака, чекор по чекор, во соработка со Генералштабот, со командата, успеваме да ги поправаме дупките во армијата и покажуваме дека нешто што неоправдано било проблем, полека но сигурно успеваме да го решаваме. Дозволете ми да кажам дека денеска ми доаѓаше наместо говор, да пуштам еден знак на воздивнување, заради тоа што долги месеци работевме за денеска пред нас да стојат 65 нови подофицери, истакнаа Шекеринска.
Таа рече дека кога била избрана на функцијата министер за одбрана не можела да разбере како имало непополнети 500 места за подофицери. Но, со тек на времето сфатила дека тоа не било толку лесно.
Ако до вчера имавме минус 450 подофицери, со вашата група, и со наредната од 55, успеваме да го решиме проблемот со 120 подофицерски места кои ќе бидат пополнети, рече Шекеринска.
Почитувани подофицери, ќе ве чека многу работа. Оваа модернизација нема да ја правиме заради НАТО, туку заради нас и нашата безбедност. Буџетот го зголемуваме, додатоци и зголемување на плати и модернизирација во поглед на НАТО стандардите воведуваме во Армијата на С.Македонија. Влезот во таквата заедница е квантен скок за земја како нашата. Оттаму му велиме „збогум“ на еден претходен процес. Со процесите, со кои сега се залагаме заедно ќе растеме. Многу пат изодевме до тука, да продолжиме, и продолжите со елан и енергија. Сега знаеме кои сме и што сакаме да постигнеме. Нека покаже ова дека сме заслужни за големиот труд и напори кои ги вложивме“, истакна Шекеринска.
Comments are closed for this post.