Стилистот Сергеј Варошлија во своето сведочење го претстави децениското познанство и соработка со Боки и тука, во Скопје, и во Белград. Спомена за седенките и разговорите во Дебар маало во куќата на бабата на Боки, Евгенија, која, според него, му оставила многу материјални добра за да му обезбеди успешен живот. А, на прашањето дали се сеќава на 15 јули 2019 година, тој одговори:
-За жал, многу обро се сеќавам на тој датум заради се што се случи. Јас, Анета Кочишки, Лила Филиповска се најдовме кај него дома, а Боки беше на некој преглед и задоцни малку. Требаше да одиме на одмор на Миконос со авион. По пат застанавме на неколку бензински пумпи, а кога дојдовме на граничниот премин на Бојан му рекоа да излезе од возилото. Потоа ни рекоа дека ние сме слободни, а тој мора да остане. Извршија претрес на возилото. Одзедоа се што имаше внатре, па и некои мои предмети, чевли и ташни, изгледа мислеа дека се што е брендирано е на Боки, изјави Варошлија.
Comments are closed for this post.