Алијанса за Албанците ќе има свој кандидат за претстојните претседателски избори што ќе се одржат во април. Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вели дека е време Македонија да добие претседател Албанец.

-Алијанса за Албанците ќе има свој кандидат и името ќе го објави откако ќе се договориме во партијата. Мислам дека е време Албанец да биде претседател на државата и така да пратиме порака за една нова Македонија ослободена од сите предрасуди. И така ќе бидеме едно општество за сите, рече Села.