Алијансата за Албанците реагира затоа што не била поканета да присуствува на лидерската средба на премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
На вакви средби, како што рече лидерот на партијата Зијадин Села, треба да учествуваат четирите поголеми политички партии.
За Алијанса за Албанците нема да биде прифатлив никаков договор во иднина што ќе се донесе само меѓу еден блок политички партии. Концептот четири поголеми политички партии, две од македонските политички партии и две од албанските политички партии треба да продолжи, рече Села на денешната средба со медиумите. Додаде дека како албанска опозиција имаат што да кажат за повеќе теми, меѓу кои пописот, Законот за ЈО, за реформи во Изборниот законик.
Села посочи дека го осудуваат однесувањето на премиерот кој, како што рече, се однесува ноншалантно спрема опозицијата.
Според Села, однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ е неприфатливо во врска со амандманите за законот за ЈО. Додаде дека тие поднеле околу 30 амандмани.
СЈО треба да се зачува. За тоа имаме 27 амандмани во предлогот за новиот закон за јавно обвинителство. Ист предлог слушаме на преговорите, премиерот му го предлага на Мицкоски, рече Села.
Алијанса за Албанците предлага во иднина со СЈО да раководи обвинител од странство, поточно од земјите од ЕУ или од САД.
Comments are closed for this post.