Огорчени сме од негрижата на тие кои се желни за власт, кои не само што го прекршиле законот и ја започнаа кампањата пред време, туку и го загрозија здравјето на стотици граѓани. Ова неодговорно однесување на претставниците на коалицијата „Можеме“ не смее да помине во тишина и без заслужената казна, реагира Алијанса за Албанците за кампањата на коалицијата предводена од СДСМ.
Додека граѓаните ги почитуваат мерките за заштита од вирусот, истиот за жал им се сервира од оваа коалиција како резултат на нивната неодговорност. Со оглед на тоа дека најголемата партија на оваа коалиција е во владата, а истата одлучува за мерките и казните на граѓаните, сметаме дека е дискриминација кон граѓаните овој скандал да помине во тишина – велат од Алијансата.
Според Алијансата, бидејќи здравјето на граѓаните е поважно од сѐ, бараат одговорност за таквото однесување.
Треба да има одговорност затоа што животот на граѓаните е директно загрозен и второ заради кршење на Изборниот законик. Одговорните лица мора да се повикаат на морална одговорност и совест, додека коалицијата „Можеме“ исто така мора јавно да се извини за неодговорното однесување и за ризикот на кој ги изложи граѓаните – велат од Алијансата за Албанците
Comments are closed for this post.