На автопатот Гевгелија-Скопје, на излез од Гевгелија, вчера во 20.10 часот полициски службеници забележале патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки и при контрола во возилото биле пронајдени седум лица – мигранти од Авганистан.
Во непосредна близина до возилото, соопшти денеска МВР, биле откриени уште 14 лица-мигранти, сите од Авганистан.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.
Comments are closed for this post.