Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно – правната комисија.
Годишниот извештај за работата на Оперативно-техничка агенција Скопје за 2020 година и Годишниот Финансиски план за 2021 година на Оперативно-техничката агенција за средствата од надоместоците од Агенција за електронски комуникации, се на дневниот ред на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, како што е најавено, ќе одржи две седници, на кои ќе расправа по Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за прекршоци, по скратена постапка, во второ читање, како и за Посебниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија – 2020.
На агендата на Законодавно-правната комисија се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, на Законот за здравственото осигурување и на Закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта, сите по скратена постапка.
Comments are closed for this post.