Седницата за уставни измени е презакажана за утре напладне, информираа попладнево од собраниската прес-служба.
Продолжението на седницата неколкупати беше одложено за во текот на денот.
Продоллжуваат разговорите меѓу премиерот Зоран Заев и претставници на БЕСА за изнаоѓање техничка формулација во однос на државјанството со цел обезбедување на потребните 80 пратеници за донесување на уставните амандмани.
Од друга срана пак исклучените од ВМРО-ДПМНЕ, не се подготвени да ги дадат своите осум гласа доколку дојде до промени во делот за државјанството.
Заев вели дека ако не се обезбеди двотретинско мнозинство пготвен е да преземе одговорност одговорност.
Секој треба да ја преземе одговорноста за процесот. Ако нема мнзоинство следува Централен одбор на СДСМ и понесување одговорност. Ставивме се на оваа карта. Во политиката, како што се земаат ловорики, така се понесува и одговорност. Немам предрасуди, дојде моментот на одговорноста. Или ќе не има 80 или ќе следува одговорност, вели премиерот Заев, и при тоа подвлекува дека сепак верува и очекува да биде обезбедено потребното мнозинство.
Во меѓувреме, пред Собранието се протестира против промена на името во организација на здруженијата „Tврдокорни” и „Македонија блокира“. На протестите од вчера им се приклучи и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а денеска пред насобраните граѓани се обрати и лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
Comments are closed for this post.