Седницата за уставни измени е повторно одложена. Наместо напладне, таа според најавите од собраниските служби треба да почне во 15 часот. Останува неизвесно дали ќе се обезбеди потребното двотретинско мнозинство. Неофицијално фали уште еден глас.

Според информациите на Пресинг ТВ, премиерот Зоран Заев е веќе во законодавниот дом и треба да се сретне со Билал Касами, лидер на тетовското крило на БЕСА.

За граѓаните од Албанска етничка припадност во државјанствата на македонски јазик да гласи „македонско/граѓани на Република Северна Македонија“, на албански јазик да биде „еMaqedonise Veriore“ и на англиски јазик „macedonian/citizen of Republc of North Macedonia“.

Ова е последниот предлот на Беса како услов да гласаат за уставните измени.

Кастриот Реџепи, потпретседател на Беса потврди дека за овој предлог се разговара помеѓу работните групи и дека не гледаат причина зошто не би бил прифатен.

Во меѓувреме во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се одржуваат состаноци на партискиот врв, а во попладневните часови треба да заседава Извршниот комитет на партијата.