Денешната јавна седница на Апелцискиот суд за жалбата на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за пресудата во случајот „Тенк”, е одложена поради неприсуство на нејзините адвокати Боро Тасевски и Сања Алексиќ.
Како што беше кажано на седницата, адвокатите доставиле писмен поднесок со кој побрале одлагање на бидејќи поради други обврски биле спречени да дојдат.
Јанкулоска дојде на денешната седница, а од СЈО беа присутни обвинителите Фатиме Фетаи и Стревчо Донев.
Нова јавна седница по жалбата на Јанкулоска е закажана на 25 фебвруари во 9:30 часот.
Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк”, на 8 октомври минатата година беше осудена на шест години затвор.
При набавката на службениот „мерцедес” за поранешниот премиер, Никола Груевски, Јанкулоска ја злоупотребила службената положба и овластувања при што била нарушена и тендерската постапка бидејќи бил фаворизиран еден економски оператор.
Кривичниот суд во предметот за набавката на владиниот „мерцедес”, вреден 600 илјади евра, го осуди првообвинетиот Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор, а второобвинетиот Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото на две години затвор.
Апелацискиот суд во целост ја потврди првостепената пресуда за Никола Груевски, а делумно ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на четири и полгодини затвор.
Груевски избега во Будимпешта каде доби азил, а Поповски се наоѓа во затвор.
Comments are closed for this post.