Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи 39-та седница.
На дневниот ред на седницата, како што најавија од ДКСК, е усвојувањето на записниците од 30-та седница продолжение, 36-та седница и 36-та седница продолжение.
Исто така, на дневниот ред ќе бидат и извештаите од антикорупциска проверка на легислатива, поточно Законот за високото образование и Закон за стратешки инвестиции, правилник за начинот на работа и користење, просторните, техничко-технолошките и другите карактеристики на надзорниот информациски систем, обемот и начинот на неговото следење и начинот на неговото поврзување и размена на податоците со информацискиот систем на Управата за jавни приходи.
Comments are closed for this post.