Комесарот за проширување Јоханес Хан на твитер објави дека се сретнал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  и напиша дека имале корисни разговори.

Бев кристално јасен дека ратификацијата на Договорот од Преспа мора да се финализира брзо и без никакви пречки. Ја поздравувам неговата посветеност да не го опструира процесот во Собранието. На ЕУ интеграциите им е потребна лојална опозиција“, напиша Хан на Твитер по средбата со Мицкоски на маргините на самитот на Европските народни партии во Хелсинки.

Хан и Мицкоски се сретнале на маргините на политичкото Собрание на Европската народна партија (ЕПП),

Остварив средба со комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан. Посочив дека членството на Република Македонија во ЕУ претставува стратешки интерес за ВМРО-ДПМНЕ. Го информирав еврокомесарот Хан и за политичкиот прогон и злоупотребата на правосудството против ВМРО-ДПМНЕ, објави Мицкоски на Фејсбук.