ВМРО-ДПМНЕ обвинува

Се што кажа Заев, излажа, а се што вети заборави

21.01.2019 / 9:34


Нема крај на понижувањата кои СДСМ му ги сервира на македонскиот народ. Писма, уставни измени, капитулантски договори со кои дел по дел аболицираниот Заев се откажува од се што е македонско, македонското вековно име, јазик, историја, култура. Заев го реализира до крај идентитетскиот атентат врз македонскиот народ, преку менување на уставниот карактер на државата и со Законот за двојазичност, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

Се што кажа Заев, излажа, а се што вети заборави. Заради неговите концесии, спротивно на волјата на повеќе од милион граѓани, со закани и уцени, спроведена е промената на уставното име. Благодарение на истите негови хипотеки и концесии Заев сега спроведува двојазичност на целата територија на Република Македонија.

Од партијата потенцираат дека за само две години владеење со Македонија Заев успеа да натера повеќе од 70 проценти од граѓаните да сакаат да ја напуштат својата татковина, своите родни огништа и фамилии.

Илјадниците граѓани кои побегнаа како резултат на криминалната и одродената власт предводена од аболицираниот Заев, доколку сега се вратат во државата нема да можат да ја препознаат својата држава. Нема да можат да ја препознаат државата од црнилата во кои е завиена, од црнилата олицетворени во одродената и криминална власт на аболицираниот Заев.

Граѓаните ја бараат зората, граѓаните бараат предвремени парламентарни избори на кои ќе го нанесат финалниот пораз на Зоран Заев и СДСМ, избори на кои ќе ги поразат црнилата. Зората ќе дојде, сонце пак ќе ја огрее нашата татковина, Република Македонија, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Која е Сузана Јошевска – Анастасовска, новиот член на Судскиот совет

пред 7 часа
Македонија

Кланот Дубаи загуби сѐ што можеше да се загуби

пред 15 часа
Македонија

Новиот скенер-рентген на Царината открива пратки со дрога, екплозив и оружје

пред 20 часа
Македонија

Нов дебакл на Филипче на повторените локални избори

пред 20 часа
Македонија

Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

пред 1 ден
Македонија

Позитивни реакции на најавите за нов закон за пушење

пред 1 ден
Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Снегот не може да не изненади

пред 1 ден
Македонија

Запленета гардероба може да се подари само ако е фалсификат и тоа со дозвола на застапникот на оргиналниот бренд и со отстрането лого

пред 2 дена
Македонија

Николоски на терен: Увид на превоите Стража и Пресека – патиштата проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

пред 2 дена
Македонија

Kрушевчани пијат жолта вода

пред 3 дена