Лорд Џорџ Робертсон, од името на Охридската група упати писмо со честитки до лидерот на ДУИ Али Ахмети по повод членството на С. Македонија во НАТО и одлуката за почнување преговори со ЕУ.
-Ви пишувам на овој историски ден кога знамето на Северна Македонија гордо се вее пред седиштетео на НАТО во Брисел, да ви честитам Вам и на вашата партија за вашите напори за постигнување на овој ден за паметење. Сите во Северна Македонија кои имаа улога во доготрајниот процес кој доведе до овој ден треба да се пофалат за нивната издржливост и трпеливост во постигнувањето на огромниот чекор напред за вашата земја и Западот Балкан. Ние од Охридската група, пријатели на Северна Македонија сме горди што имавме мала улога во водството до денес. Затоа славиме со вас што вашата земја се приклучи на Алијансата, пишува Лорд Робертсон.
Секако, додава, ова не е единствената причина за честитките. – Одлуката на Европскиот совет да ги отвори преговорите за идното членство на земјата во ЕУ е исто така огромен чекор во вистинската насока за вашата земја. Северна Македонија, извонредна мултиетничка држава во срцето на местото што беше едно од светските проблеми во светот, сега заслужува – со свои напори, да биде дел од европскиот мејнстрим. Вашето лидерство низ годините беше од суштествено значење за постигнувањето на она што се случува денес и од име на Охридската група ви благодарам за тоа. Денеска ФИРОМ конечно умре. Северна Македонија сојузничка на НАТО живее, стои во писмото потпишано од Лорд Робертсон од Порт Елен, поранешен генерален секретар на НАТО.
Comments are closed for this post.