Потпретседателката на Собранието и копретседавач на Интерпартиската парламентарна група за интеграција, помирување и реформи Фросина Ташевска Ременски за МИА изјави дека групата ќе се состане следната недела за да го разгледа текстот на законот за амнестија на подгрупата за помирување, да го усвои, да го преточи во формат на предлог-закон и да го предложи на Собранието на РМ, што всушност е и нивиот мандат.
Важно е што подгрупата и ИППГ за интеграција, помирување и реформи не ја презема улогата на Обвинителството или Судот за да цени и мери вина, затоа што ниту имаме мандат, ниту пак ги имаме доказите и информациите со кои располага Обвинителството. Целта беше, од една страна, да се постават рамките со опис на дејствијата поврзани со 27 април кои не можат да бидат амнестирани, а од друга страна да се почитува правото и обврската Обвинителството и Судот да ја водат постапката до краен резултат. Индивидуалниот пристап кон законот на обвинетите за настаните од 27 април е исто така почитуван, односно барањето што до надлежниот орган треба/може да го достави секој од обвинетите за настаните. Во таа постапка Судот и Обвинителството ќе го имаат правото да ценат (врз основа на доказите) дали законот важи за лицето што се повикува на амнестија, и какво решение ќе му издаде. Секако жалбената постапка е гарантирана, потенцира Ташевска Ременски.
„Примарен принцип останува немешањето во работата на правосудните органи и постапките на оценка на индивидуалната вина за настаните за обвинетите лица од страна на обвинителството и судот. Законското решение што ќе произлезе од оваа согласност околу горенаведените работи во ниту еден случај не смее и нема да ги оневозможи правосудните органи да ја продолжат постапката за целосно расветлување на настаните од 27 април што е многу важно. Важно е што подгупата и ИППГ за интеграција, помирување и реформи не ја презема улогата на Овинителството или Судот за да цени и мери вина, затоа што ниту имаме мандат, ниту пак ги имаме доказите и информациите со кои располага Обвинителството“, истакнува Ременски Ташевска.
Comments are closed for this post.