Меѓународната група на експерти да се активира колку е можно побргу, најдоцна до средина на мај, побарала алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу од присутните на денешниот состанок во грчкото МНР за групата која ќе треба се формира и да ги разгледа прашањата поврзани со трговските ознаки, согласно предвиденото со Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.
Во Меѓународната група ќе учествуваат експерти за меѓународно трговско право, ознаки и имиња.
На денешниот состанок, како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција, присуствувале претставници на надлежните министерства за надворешни работи, економија и развој и земјоделски развој и храна, како и претставници на Организацијата за индустриска сопственост, Организацијата за интелектуална сопственост, Органот за контрола на храна (ЕФЕТ) и Грчката земјоделска организацијата ЕЛГО-Димитра.
-Веќе во следниот период, ќе има детални информативни белешки што ќе го покријат целиот спектар на прашања што се однесуваат на трговските имиња (commercial names), на трговски марки и имиња на брендови (trademarks и brandnames), соопштуваат од грчкото МНР
Comments are closed for this post.