Отворањето на граничниот премин на територијата на населено место Лемос на територија на Република Грција, општина Преспа, се смета за значителна интервенција во насока на јакнење на врските меѓу двете земји, како и интервенција со сериозна развојна карактеристика која ќе донесе повеќекратни придобивки за животната средина, развој во областа на социјалата и економијата на заедничкиот пограничен регион, односно Охрид, Ресен, Кастори и Флорина. Со отворањето на граничниот премин со сите останати придружни и неопходни проекти, односно патна поврзаност, објект на граничните служби, развој на резиденцијалниот дел на населеното место Лемос и мулти функционалниот регионален здравствен центар во општина Преспа, ќе се постигне регионален развој и создавање на компактна транс – национална развојна зона, се вели во соопштението од Владата.
Министрите на денешната седница ја усвоија и информацијата за потребата од почнување постапка за водење преговори за склучување договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички граничен премин за меѓународен патен сообраќај Табановце, Република Македонија и Прешево, Република Србија.
Преговорите ќе ги води работна група, која е задолжена во рок од 30 дена да ја информира Владата за водените преговори при конципирањето на нацрт текстот на договорот меѓу двете влади за воспоставување заеднички граничен премин, или one-stop-shop.
Comments are closed for this post.