Невнимание е причината за падот на ученичката од прозор во училиштето “Ѓорѓија Пулевски” во Аеродром, вели класниот раководител Марјан Јовсновски. Тој во изјава за “факултети.мк” објаснува дека се работи за игра која учениците ја играле често пати, но поради невнимание се случил падот на девојчето.
Буквално се случило „од играчка – плачка“. Станува збор за одделение од 31 ученик со одличен успех и примерно поведение. Класот е прекрасен и сите се дружат. Децата веќе две недели ја играле оваа игра. Носеле ученик до прозорец и тој сам скокал преку рамката во дворот. Овојпат, играта тргнала на лошо- девојчето не успеало да се задржи на нозе. Има снимки, ги видовме, учениците се смеат додека ја играат играта. Никој насилно не фрлил никого од прозорец – вели тој во изјавата за порталот и додава дека шест ученици ќе бидат казнети.
Со осуда се јави и Министерството за образование и наука и општина Аеродром.
Од Министерството за образование и наука информираа дека Државниот просветен инспекторат веднаш по добивањето на информациите почнал инспекциски надзор за да се утврди фактичката состојба и да се лоцира одговорноста.
По целосно завршување на постапката, од страна на инспекторите ќе биде подготвен извештај, врз основа на кој ќе се донесат и одлуки за следните чекори и понатамошни постапки, се наведува во соопштението од МОН.
Општина Аеродром е во постојана комуникација со претпоставените од училиштето и со надлежните институции со цел целосно да се расчисти случајот. МВР потврди дека во петокот за време на малиот одмор четворица малолетници го фатиле за нозе и раце девојчето и го фрлиле од прозорецот во училницата на приземје. Девојчето се здобило со телесни повреди.
Comments are closed for this post.