Година и пол подоцна Преспанскиот договор не ја оствари целта. Се уште, иако формално, Македонија е пред вратите на НАТО, а до чергичето пред вратата на Европската унија не чека долг пат. Во меѓувреме, Владата предводена од СДСМ и ДУИ го смени уставното име на државата, го силува Уставот, го раздаде и распродаде македонскиот идентитет. И најлошо од се – се уште се обидува да печали изборни поени на „малата жртва за остварување на големиот европски сон“.
На првата прес-конференција од заминувањето од премиерската функција Зоран Заев излезе со обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски. Заев вели дека доколку дојде на власт Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе го поништат Договорот од Преспа.
Сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеји за укинување или поништување на Договорот од Преспа кој не донесе до полноправно членство во НАТО и на чекор до започнување на преговорите со ЕУ – обвини денеска Заев.
Од што се плаши Заев?
Не ВМРО-ДПМНЕ, туку граѓаните се тие кои кажаа „Не“ за Договорот од Преспа. На референдумот 65 % од граѓаните не излегоа на референдумот не излегоа и со тоа јасно ставија дознаење дека се против промена на името. Не помогна ни наведувачкото прашање „ Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со поддршка на Договорот од Преспа“.
Дека референдумот не е успешен официјално објави и Државната изборна комисија бидејќи не беше исполнет условот на гласање да излезат 50 проценти од запишаните гласачи. На реферндумот излегоа само околу 37 проценти од граѓаните.
Comments are closed for this post.