Седум тела на загинатите во сообраќајната несреќа кај Карпалак вечерва се донесени на обдукција на Судска медицина. Ќе се идентификуваат жртвите. Ќе се утврдуваат причините за смртта. Дел од медиумите јавуваат дека меѓу жртвите е син на пратеник од СДСМ.
Министерот за здравство Венко Филипче е на Институтот за судска медицина.
Пред да замине Филипче уште еднаш рече дека засега бројката на починати е 13. Од овие лица седум го загубиле животот на местото на несреќата, пет во ГОБ 8 Септември, а едно во Старата градска болница во Скопје.
Comments are closed for this post.