Град Скопје започна со копмлетно чистење на каналите и на езерцата во првиот и во вториот дел од Градскиот парк.
Како што соопштија од Градот, акцијата ја спроведуваат екипите на Град Скопје и на јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“.
Деновиве се чисти каналот што носи вода до езерото во првиот дел од Градскиот парк. Во акцијата се отстрануваат насобраните лисја, милта, наносите од земја и отпадоците, за да може езерцето да се наполни со вода. Се чисти и каналот што носи вода до целиот езерски систем во паркот. Како дел од овие активности се отстрануваат и исушените и искршени гранки на околните дрвја кои претставуваат опасност за посетителите на паркот, појаснуваат од Град Скопје.
Активностите за чистење на каналите и на езерцата во Градскиот парк ќе продолжат и во наредниов период. Од Градот апелираат до граѓаните да не фрлаат отпадоци во каналите и во езерцата и да ја одржуваат хигиената на зелените површини во паркот.
Comments are closed for this post.