ВМРО-ДПМНЕ е симбол на партизација на институциите, во државната администрација не смее да има политика, притисоци и реваншизам
Не постои поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ да зборува за вработувања во администрација, кога токму таа партија е симбол на непотизам и масовна партизација на државните институции, реагираат во СДСМ.
Токму ВМРО-ДПМНЕ во октовмри 2012 година само преку еден оглас во РЕК Битола вработи 625 партиски кадри, сите според списоци по Општински комитети и јавноста добро го памети тоа.
За разлика од таквиот пристап на ВМРО-ДПМНЕ, денес процесите за вработувања се законски, јавни и транспарентни. Сите вработувања се согласно план, потреба и програма на самата институција, а за сите кандидати важат еднакви услови и критериуми. Секој има еднакви можности за работа.
СДСМ останува доследен на одамна искажаниот став дека во државната администрација нема и не смее да има реваншизми, притисоци и политика.
Секој има право да членува или да не членува во политичка партија, но тоа право никако нема и не смее да се доведе во врска со работното место.
Секој кој има квалитети, без разлика дали е или не е член на која било партија има еднакво право да добие работно место а со тоа и сериозна обврска своите работни задачи да ги извршува на професионален начин.
Започнат е процес на деполитизирана и департизирана администрација. Тоа значи вработувања според мерит систем, а не според политика или партиска припадност.
Во јавниот сектор, во државните институции и претпријатија, мора да се работи според мерит систем и според потребите на граѓаните, бидејќи институциите постојат за граѓаните, а не обратно.
Comments are closed for this post.