Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Силјановска останува посветена на груевизмот и влегува во нови контрадикторни изјави.

Тврдењето дека Договорот од Преспа е штетен е директна порака на Силјановска дека членството во НАТО и ЕУ не е добро за земјава, не е добро за граѓаните. Тоа е истата матрица на груевизмост и остатокот на тој груевизам, Христијан Мицкоски;велат во СДСМ.

 

Целиот демократски свет го поздрави Договорот од Преспа како многу значаен за иднината на земјата, ја препозна храброста, визионерството на владата предводена од СДСМ да ја поведе државата напред кон интеграција во ЕУ и НАТО.

Од една страна се ЕУ, НАТО, демократски и прогресивни сили во државата кои работат на напредок, развој и интеграција, од друга страна се Мицкоски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ кои се против Договорот од Преспа, против иднина во ЕУ и НАТО.

Граѓаните нема да дозволат нов Ѓорге Иванов кој ќе работи против нивните интереси. На Република Северна Македонија и е потребен вистински претседател кој ќе работи на остварување на децениски те заложби за напредок и интеграција.

Затоа на претседателските избори граѓаните ќе го поразат груевизмот и неговите остатоци како Мицкоски. Граѓаните ќе изберат иднина, ќе го поддржат Стево Пендаровски, претседател на сите граѓани.