СДСМ го исполни ветувањето за укинување на квотите за лековите на рецепт. Граѓаните без проблеми ги подигнуваат потребните лекови од која било аптека, кој било ден од месецот, без страв дека ќе се потроши квотата.Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт го решивме деценискиот проблем со недостиг на лекови, турканиците кај матичните лекари и во аптеките на почетокот на секој месец, наведуваат од партијата.
Со оваа мерка, истовремено се зголемуваат контролните механизми при издавањето на лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување и се елиминира можноста од злоупотреби и криминал преку издавање фиктивни рецепти.Со конкретни мерки и политики во здравството докажуваме што значи вистинска грижа за пациентите, за здравствените работници, за подобрување на условите во јавните здравствени установи.Го вративме достоинството на здравствените работници и постојано го унапредуваме системот за здравствена заштита.
Comments are closed for this post.